Monday, November 6, 2017

Панонски легенди - Житието на Ќирил и Методиј

Во Солун, во куќата на Лав и Марија, се родиле 7 деца, од кои седмото бил Константин — Кирил (826 или 827г.).Потекнувајќи од видно и богато семејство Константин имал можност да се здобие со солидно образование. Бидејќи во училиштето покажувал голем успех се запишал во Магнаурската школа, која била најпрочуена во тоа време. Кога ја завршил го назначиле за библиотекар на Патријаршиската библиотека во ЦариградЖитието на Методиј е напишано 16 години подоцна и започнува со речиси ист теолошки вовед, само што е тој малку подолг.Авторот истакнува дека браќата потекнуваат од висок род, дека Методиј бил управител на една словенска област, дека се замонашил на планината Олимп, каде го добил името Методиј. Потоа се даваат истите податоци како во Кириловото житие сѐ до смртта на Кирил. Опширно е прикажана борбата на Методиј со германското свештенство и неговото прогонство од две и пол години (некаде во Швапско). По тоа следува побуната на Словените против германските свештеници како и барањето на кнезот Коцељ, Методиј да биде назначен за архиепископ, што според житието е сторено во 873 година. Но, судирите со германското свештенство не запираат и Методиј е постојано прогонуван.Така, за шест месеци тој ги превел сите богослужбени книги.






Изработил:
Филип Костов IX

Thursday, October 19, 2017

Анализа на ликовите од поемата „Сердарот“

          Сердарот“ е историско-јуначка поема,каде што темата е борбата на Македонците против насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.Идејата e да го прикаже мачното  минато на својот народ и желбата за слобода.Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една таква единица.Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци..
            Неда е централен лик во поемата. Таа е мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра и гордо ја поднесува смртта на синот, неисплашено им се спротивставува на непријателите, подготвена е и самата да се бори и да ја поведе борбата и да стане водач. Јасно е изразена нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени особини, таа е сепак мајка, чувствителна, која премногу го љуби своето единствено дете. Нејзиниот крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.Во ликот на Неда, Прличев го насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и почит.Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку навраќања). Тој е одраз на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки особини како и љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.Гегите во поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели и пљачкаши, без чувства, убијци, но и тие ги носат возвишените особини на чесност и носејќи го со сите почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го неговиот смртен непријател.           
             Поемата ни открива дел од стварноста во која живеел македонскиот народ во западните краишта во триесеттите години од минатиот век, мачен живот, секојдневен страв за своето постоење решителна борба на милост и немилост, обичаи и верувања.
Отсликан е и животот на албанските Геги, нивната смелост, дрскост, крвната одмазда, но и нивното гостопримливост и чесност во нормални услови оддавајќи му чест на големиот храбар македонски џин Кузман за достоен погреб за да телото не му го јадат птици. И сето тоа завршува со тажен спомен на опис на Кузмановиот гроб, тажните струни на гусларот и овековечувањето на тажните стихови во поемата„ Сердарот“. 



Изработил:
Филип Костов IX-2

Sunday, March 19, 2017

Оценување на групата работа за проектот „ Васил Иљосќи “

Јас мислам дека нашата групна работа беше добра и секој си го правеше своето но некој од нас не го научи својот текст најдобро, затоа имавме проблеми додека презентиравме. 



Филип Костов VIII-2

Sunday, February 26, 2017

Оценување на нашата групна работа за лектирното дело "Времеплов" од Херберт Џ. Велс

Јас мислам дека како група сите добро си помагавме и се сложувавме околу работата. А во табелата мојата работа беше за ликовите, јас мислам дека табелата е точно потполнета и дека секој си го заврши својот дел во табелата, и ја завршивме на зададеното време.


Филип Костов VIII-2

Saturday, February 11, 2017

Дали времето во коешто живеам е најдобро за младите на моја возраст

              Според мене јас мислам дека ова време е најдобро време за живеење за децата на моја возраст. А еве и зошто.
              Јас мислам дека ова време е најдобро бидејки нема војни и несогласуванје меѓу различните народи. Друга причина е затоа што сега клиниките се понапредни и има лекови скоро за се.
             Исто така тука е и технологијата којае значително понапредна и сите луѓе ја користат. Сега постојат многу паметни телефони, телевизори, компјутери и многу други IT работи. А тука се и многуте електрични апарати.
            А во ова време луѓето се по слободни излегуваат до кога сакаат и прават што сакаат. И да сега сите луѓе не се исти како што биле порано добри и дарежливи, сега има различни луге со различен карактер, едни се добри и дарежливи  а други се лоши и сурови. Ете тоа е можда единствената замерка според мене.
           И тоа беше моето мислење и моите причини дека ова време е подобро за живеење, но сепак секој има различно мислење.



Филип Костов VIII-2