„Сердарот“
е историско-јуначка поема,каде што темата е борбата на Македонците против
насилствата на Гегите, или поопшто, борбата за слобода.Идејата e да го прикаже
мачното минато на својот народ и желбата
за слобода.Мотивот, Прличев го зел од народната песна за Кузман Капидан, а бил
инспириран од тешкиот живот на Македонците од западните делови на Македонија
кои биле изложени на терор од страна на Гегите. Па дури и турската власт за да
го заштити населението од грабежи, за да може после да им земе даноци, морала
да организира заштитнички единици. Кузман Капидан бил водач, сердар на една
таква единица.Поемата е сочинета од 228 строфи со по четири стиха (катрени), од
кои првиот и третиот стих се петнаесетерци, а вториот и четвртиот осмерци..
Неда е централен лик во поемата. Таа е
мајка на јунакот, но и самата јунак. Таа е храбра и гордо ја поднесува смртта
на синот, неисплашено им се спротивставува на непријателите, подготвена е и
самата да се бори и да ја поведе борбата и да стане водач. Јасно е изразена
нејзината решителност и чесност. Но, освен овие возвишени особини, таа е сепак
мајка, чувствителна, која премногу го љуби своето единствено дете. Нејзиниот
крик и плач е мајчин, зашто нема ништо пострашно од смртта на детето. Но, и во
таа болка Неда не мисли само на себе, туку и на целиот нејзин народ кој останал
незаштитен и кој треба да преземе дел од таа болка.Во ликот на Неда, Прличев го
насликал и ликот на својата мајка кон која чувствувал голема љубов и
почит.Кузман е загинат уште на почотокот од поемата, затоа за него
дознаваме преку раскажувањата на другите ликови, ретроспективно (преку
навраќања). Тој е одраз на возвишено јунаштво кое е почитувано дури и од
непријателот. Силен и храбар во борбите со него. Тој е заштитник на народот и својот
живот го жртвува за доброто на сите. И кај него се гледаат обичните човечки
особини како и љубовта и почитта кон мајката, како и љубовта кон девојката
Марија со која сакал да го минува животот и да создаде семејство.Гегите во
поемата не се негативни ликови. Тие се непријатели и пљачкаши, без чувства,
убијци, но и тие ги носат возвишените особини на чесност и носејќи го со сите
почести мртвото тело на Кузман во домот на Неда, ризикувајќи да бидат убиени од
гневното и желно за одмазда население. Тие и самите борци, имаат респект кон
борецот, така ја покажуваат својата човечност. Особено се истакнува стариот
Албанец, со својата мудрост и желба да ја утеши ужалената мајка, величајќи го
неговиот смртен непријател.
Поемата ни открива дел од стварноста во која живеел македонскиот народ во западните краишта во триесеттите години од минатиот век, мачен живот, секојдневен страв за своето постоење решителна борба на милост и немилост, обичаи и верувања. Отсликан е и животот на албанските Геги, нивната смелост, дрскост, крвната одмазда, но и нивното гостопримливост и чесност во нормални услови оддавајќи му чест на големиот храбар македонски џин Кузман за достоен погреб за да телото не му го јадат птици. И сето тоа завршува со тажен спомен на опис на Кузмановиот гроб, тажните струни на гусларот и овековечувањето на тажните стихови во поемата„ Сердарот“.

Изработил:
Филип Костов IX-2
No comments:
Post a Comment